Конечно е објавена точната причина за смртта на кралицата Елизабета Втора.
Кралицата Елизабета починала од старост на 8 септември во 15:10 часот, потврдено е од нејзиниот извод од матичната книга на починати, потпишан од нејзината ќерка која била со неа во последните 24 часа.
Смртта на покојната кралица е регистриран во Аберденшир на 16 септември 2022 и сега е веќе јавен запис.
Уписот во Националната книга на Шкотска, објавен денес, исто така е потпишан од нејзината ќерка, кралската принцеза.
Сертификатот потврдува и дека некои од блиските роднини на кралското семејство уште биле во авион на пат за Балморал кога починала Елизабета.
Премиерката на Велика Британија, Лиз Трас, дознала за смртта на кралицата во 16:30 часот.