Објавени аудиснимки од разговори меѓу Мицкоски и Кичеец

Скопје, 8 мај 2020 (МИА) – На YouTube се појавија четири аудио снимки од разговори на кои се слушаат гласови кои наликуваат на оние на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на третообвинетиот во случајот „Рекет“, Зоран Милески Кичеец и на една жена, кои според контекстот на дијалозите најверојатно се водени во периодот пред претседателските избори минатата година, кога се одржаа и избори за градоначалник на Охрид.

Зоран Милески Кичеец

На првата снимка гласот што наликува на оној на Мицкоски, раскажува за негов престој во Охрид при што споменува дека дури го посетил и изборниот штаб на СДСМ, каде му доделиле пропаганден материјал.

На втората снимка, гласот што наликува на овој на Кичеец говори за состојбата на терен во Охрид пред изборите, при што му споменува на Мицкоски: „Кога разговаравме последниот пат ви кажав“. Кичеец притоа предвидува дека резултатот од изборите за градоначалник на Охрид ќе бидат тесни и дека сигурно ќе има втор круг.

Тој споменува име на извесен Бено, кој го прикажува како „влијателен меѓу Египќаните во Охрид“, при што наведува дека во минатото им било многу ветувано и од Мартин Протуѓер и од поранешниот охридски градоначаник Бакрачески, но дека ништо од тоа не било исполнето, „па тие се свртиле кон СДСМ“.

– Тој е Египќанец, тој е човек, не бара да го вработиш директор – метлар, такви работи, вели Кичеец.

По „анализата“ од страна на Кичеец за можните резултати од гласањето во првиот круг во Охрид, Мицкоски вели: „Првиот круг ќе оставиме вака, ама вториот ќе направиме нешто“.

Христијан Мицкоски

На третата снимка гласот на Мицкоски вели: „После 21 април многу работи ќе бидат поинаку и сите тие што ме потценија, по 21 април нема да имаа така мирна совест“.

– Тебе не треба никој да те побара. Јас и ти треба да имаме директна комуникација, не преку Петко, Трајко, Станко. Сѐ што договаравме, треба јас и ти да договараме, му се обраќа Мицкоски на Кичеец.

– Јас сум претседателе човек извршител. Мене кога ќе ми дадете задача, ќе ја извршам. Јас сум таков, вели Кичеец, споменувајќи можна средба на Мицкоски со Орце Камчев.

Во последната снимка Мискоски повторно потенцира дека по 21 април ќе се знаат многу работи.

– Или ќе имаме лош резултат и ќе нема потреба од мајски преврат и самиот ќе си заминам или ќе имаме добар резултат и нема да биде ништо исто во ВМРО-ДПМНЕ, вели Мицкоски, додавајќи дека тогаш ќе му треба соработка од Кичеец на терен.

Претседателските избори и изборите за градоначалник на Охрид се одржаа на 21 април 2019 година.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more
 

Вести

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе