Објавени кандидатите за наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Жири комисијата за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска стихозбирка помеѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата направи избор од пет книги и автори што ќе бидат претставени на Фестивалот.

Еден од овие пет автори ќе биде прогласен за добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на прес-конференција во рамки на Програмата на Фестивалот.

Во прилог е листата со пет книги и автори одбрани за наградата „Браќа Миладиновци“ (по азбучен ред според презимето на авторот):

1. Пајо Авировиќ: „На погрешната страна“

2. Андреј Ал-Асади: „Небесна геометрија“

3. Долорес Атанасова- Лори: „Небо во кафез“ (повеќе за авторката ТУКА и ТУКА)

4. Ива Дамјановски: „Двоумење“

5. Јосип Коцев: „Музеј на чувствата“ (повеќе за авторот ТУКА и ТУКА)

Критериумите за учество на Конкурсот беа:

Наградата „Браќа Миладиновци“ се доделува за поетска книга напишана и објавена на македонски јазик. На конкурсот може да биде пријавена и книга објавена двојазично, каде поетското творештво на македонски е оригинално создадено, односно, не е превод од друг јазик.

На конкурсот пријави можат да поднесат авторите или нивните издавачи во согласност со нив.

Еден автор или издавач може да учествува со неограничен број наслови.

Пријавените поетски книги треба да се првообјавени во периодот за кој се доделува наградата и да не бидат претходно објавени на друг јазик.

Избори или книги во кои има препечатени делови од други книги нема да бидат земени предвид.

На конкурсот можат да бидат пријавени само дела од еден автор. Коавторски дела се неприфатливи.

Книгите мора да имаат ISBN број.

Книги од членови на УО на НУМ СВП, директорот на НУМ СВП, вработените или на членови на жири-комисијата и нивни поблиски роднини нема да бидат прифатени.

Со учеството на конкурсот се смета дека добитникот ги отстапил авторските и издавачките права на НУМ СВП за употреба во промотивни и некомерцијални цели на целата книга или на делови од истата во оригинал или во превод на други јазици во печатена или дигитална форма, на интернет, како и за други настани поврзани со наградата и наградениот поет.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Овие избори се одлучувачки, граѓаните имаат две опции

Читај повеќе