Владата ги објави платите на претседателот на Владата и на министрите.

Највисока нето-плата зема претседателот на Владата, Христијан Мицкоски – 140.450 денари, односно 2.280 евра. Сите други министри земаат плата во износ од 115.540 денари, или 1.880 евра.
Исклучок е само министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој зема дополнителни 24.865 денари (+20%), односно вкупно 140.405 денари.
