Објавени првите детали за електричниот Renault 5

Renault уште во јануари 2021 година навести враќање на легендарната „петка“ со истоимениот концепт кој го најави доаѓањето на целосно електричното супермини, а сега, пред дебито на серискиот модел следната година, француската компанија објави некои прелиминарни технички спецификации.

Електричниот Renault 5 ќе биде базиран на CMF-B EV платформата и ќе позајми 70 проценти од деловите од хечбекот Clio и субкомпактниот кросовер Captur базиран на CMF-B платформата.

Користењето на постоечкиот хардвер ќе му помогне на Renault да ги намали трошоците за производство за 30 отсто во споредба со моделот Zoe, кој нема да има втора генерација.

Една голема разлика помеѓу двата мали електрични модели ќе биде бројот на модули за батерии, со оглед на тоа што претстојниот модел ќе има само четири големи модули распоредени во еден слој, додека Zoe користи 12 помали модули.

На овој начин инженерите ќе „заштедат“ 15 килограми, а ветија и поголема енергетска густина на новата батерија и поголема цврстина на шасијата со интегрирање на батеријата во платформата. Потврдиот под ќе ги намали бучавата и вибрациите.

Renault има намера да вгради задна суспензија со повеќе врски, што во моментов е реткост во сегментот Б. Alpine потврди дека ќе ја пласира својата верзија на преродениот R5, кој дефинитивно целосно ќе ја искористи независната задна суспензија и на тој начин ќе го подобри искуството во кривините.

Батеријата ќе биде поставена под подот, што ќе го спушти центарот на гравитација, а тоа ќе резултира со подобра агилност на возилото.

Засега нема информации за погонот освен дека R5 ќе користи електричен мотор со технологија базирана на онаа што ја користи Megane E-Tech Electric.

Овој мотор ќе има нова внатрешна архитектура која не само што ќе ја намали големината на моторот, туку и неговата тежина.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Авто новости

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Read more

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Read more
 

Автомобили

  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе
  • filter

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Читај повеќе

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Читај повеќе