На официјалниот профил на Twitter се објавени првите фотографии од новите актери на новата сезона на популарната „The Crown“. Принцезата Дијана и принцот Чарлс ќе ги глумат Елизабет Дебицки и Доминик Вест.
„Нашите нови принц Чарлс и принцеза Дијана“, стои во описот на фотографиите.
Петтата сезона го следи животот на кралското семејство во раните 90-ти години.
„Духот на принцезата Дијана, нејзините зборови и постапки живеат во срцата на многу луѓе. Вистинска привилегија и чест е што се приклучив на оваа серија“, рече Дебицки.
Во четвртата сезона Дијана ја глумеше Ема Корин која освои Златен глобус за оваа улога.
Минатиот месец беше објавена и првата фотографија од кралицата Елизабета од петтата сезона на „The Crown“.
Читајте наредно: Смртта на Дијана ќе биде опфатена во петтата сезона на „The Crown