Џулијан Асанж (52) вчера го напушти затворот со максимална безбедност Белмарш во Велика Британија, откако таму помина 1.901 ден.

Високиот суд во Лондон му одреди кауција, а во текот на попладнето беше пуштен на аеродромот Стенстед, каде што се качи на авион и полета од Велика Британија.
WikiLeaks го објави првото видео со Асанж по излегувањето од затвор.
„По повеќе од пет години во ќелија од 2x3 метри, изолиран 23 часа на ден, тој наскоро повторно ќе биде со сопругата Стела Асанж и нивните деца, кои го знаат татка си само зад решетки“, беше објавено на X профилот на WikiLeaks.
Julian Assange boards flight at London Stansted Airport at 5PM (BST) Monday June 24th. This is for everyone who worked for his freedom: thank you.#FreedJulianAssange pic.twitter.com/Pqp5pBAhSQ
— WikiLeaks (@wikileaks) June 25, 2024
Асанж се согласи да се изјасни за виновен по една точка од обвинението за заговор за добивање и откривање доверливи документи за национална одбрана на САД, според поднесоците во Окружниот суд на САД на Маријанските Острови, американска територија во Тихиот Океан.
Основачот на WikiLeaks, Џулијан Асанж, оваа недела треба да се изјасни за виновен за кршење на американските закони за шпионажа, во договор што ќе му стави крај на неговото затворање во Британија и ќе му овозможи да се врати дома во Австралија.
За сè проговори и мајката на Асанж. Таа рече дека е „благодарна“ што го видела крајот на судењето на нејзиниот син.
„Благодарна сум што на искушението на мојот син конечно му се ближи крајот. Тоа ја покажува важноста и моќта на тивката дипломатија“, рече Кристин Асанж, според SkyNews.
Инаку, Асанж помина седум години во самоизолација во амбасадата на Еквадор во Лондон, пред да биде задржан во затвор со високо обезбедување во Лондон уште пет години.