Познатиот типувач од Twitter Стив Хемерстофер објави рендери за претстојниот смартфон Google Pixel 6A кои го откриваат неговиот изглед.
Pixel 6A припаѓа на серијата Pixel A со пристапна цена, изгледа идентично како и стандардниот Pixel 6 - на задната страна има две камери, напред има селфи камера, USB-C влез.
Според она што може да се види на рендерите, сензорот за отпечаток за прст е сместен под екранот, исто како и кај моделите Pixel 6 и Pixel 6 Pro.
Pixel 6A ќе биде првиот смартфон од среден ранг кој нема да има влез за слушалки. Смартфонот ќе биде со димензии 152,2x71,8 мм и 6,2-инчен екран.
Засега не е познато кога ќе се појави Pixel 6A на пазарот, а Pixel 6 и Pixel 6 Pro ќе пристигнат наредниот месец.