Објавени резултатите од Годишнитe конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2021 година

Министерството за култура на Република Северна Македонија денеска, среда 24.02.2021 год. на својата веб-страница www.kultura.gov.mk ги објави резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2021 година по дејности и области.

 

Оттаму велат дека и оваа година на објавените конкурси за поддршка на проекти од национален интерес за 2021 година во предвидениот рок (8.10.2020 до 10.11.2020 година) имало голем одзив, односно во Министерството за култура пристигнале 4.538 апликации, доставени од физички лица, здруженија, сојузи, асоцијации, трговски друштва, трговци-поединци и други правни лица регистрирани во Република Северна Македонија за вршење дејности од областа на културата.

Министерството за култура во 2021 година поддржа проекти кои се во функција на развојот, афирмацијата и промоцијата на културата, заштитата и промоцијата на културното наследство на нашата земја и сето тоа дополнето со проекти од младите и за младите. Особено беше посветено внимание на еднаквата родова застапеност, на инклузијата на лицата со попреченост и на интеркултурниот дијалог.

Критериумите, приоритетите и мерилата врз чија основа се вршеше оцена на проектите по одделни дејности, беа содржани во пријавите кои се составен дел на конкурсите. Вреднувањето на проектите и на програмите беше извршено од страна на комисии составени од стручни и компетентни лица во конкретната област, почитувајќи ги принципите на мултиетничност и непостоење на судир на интереси.

Претседатели на комисиите кои ги разгледуваа пристигнатите пријави по одделни дејности се: за литература и издавачка дејност – Весна Димовска;  за драмска дејност – Фирдауз Неби; за фолклор и сценско-уметничка дејност – Емин Гаџа; за музичка и музичко-сценска дејност – Бранка Костиќ-Марковиќ; за визуелни уметности, архитектура и дизајн – Соња Абаџиева; за интердисциплинарни проекти – Зоран Петровски; за меѓународна дејност – Јане Бакевски;  за заштита на недвижното културно наследство и заштита на аудиовизуелни добра – Љуљета Абази; за музејска дејност – Фросина Зафировска; за библиотечна дејност – Славица Србиновска.

Објавените резултати од конкурсите содржат информации за: носителот на проектот, назив на проектот, и одобрените средства за реализација на проектот.

Министерството за култура на Република Северна Македонија ги објавува и резултатите за поддржаните проекти на Повикот за националните установи од областа на културата, објавен во јуни 2020 година, на кој во законски утврдениот рок беа поднесени 1814 пријави за проекти кои се содржани во нацрт-годишните програми за работа на националните установи.

За проектите што се избрани и за проектите што се одбиени на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2021 година по дејности и области се донесуваат решенија.

Во согласност со член 65 став (5) од Законот за културата, против добиеното решение може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Жалбата не го одлага извршувањето.

За проектите што ќе бидат содржани во годишните програми за работа на националните установи, министерот за култура донесе решенија.

Проектите избрани на годишните конкурси за 2021 година треба да се реализираат до крајот на тековната година.

Резултатите по дејности може да ги најдете ТУКА.

Remote video URL
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе