Објавени резултатите од пописот во Косово

Населението на Косово е намалено во последните 13 години од 1,74 милиони на 1,58 милиони, покажуваат резултатите од пописот објавени вчера.

Претходно оваа година беше спроведен вториот попис откако Косово прогласи независност.

Агенцијата за статистика објави дека Србите го бојкотирале пописот „во значителна мера“ по повиците на српските политички партии да го сторат тоа. Агенцијата го процени вкупното српско население на околу 53.000, што е за 28.000 повеќе отколку на пописот во 2011 година.

Повеќето Срби живеат во 4 северни општини – Лепосавиќ, Звечан, Зубин Поток и Северна Митровица. Таму ги има речиси 37.000, пренесува Associated Press.

Просечната возраст во Косово е под 35 години, втора најмлада во Европа. Просечната возраст на пописот од 2011 година беше близу 30 години. Пописот покажа и дека војната 1998-1999 година резултираше со 11.417 смртни случаи и 1.047 исчезнати. Материјалната штета се проценува на 5 милијарди евра.

Муслиманите се мнозинство, со 93,49%. Православните христијани сочинуваат 2,31%, а католиците 1,75%.

„Резултатите од пописот претставуваат основа за развивање политики за реалните потреби на граѓаните“, рече премиерот Албин Курти.

Косово беше српска покраина сè додека 78-дневната воздушна кампања на НАТО во 1999 година не стави крај на војната меѓу српските владини сили и албанските сепаратисти во Косово и ги протераа српските сили. Белград не ја признава независноста на Косово, а односите помеѓу двете држави остануваат напнати и покрај напорите на меѓународната заедница да ги нормализира.

Тагови
реклама

Џереми Кларксон за Илон Маск и Tesla: Ве предупредив пред 17 години, не ме послушавте

Read more

Уште една земја го призна Косово

Read more

Полска се подготвува за војна, но кој е подготвен да умре за државата?

Read more

Скокнаа цените на нафтата

Read more

Регион

Три земјотреси ја погодија Грција во еден час

Read more

Додик се огласи за потерницата: БиХ е промашена и пропадната земја

Read more

Уште една земја го призна Косово

Read more

Невреме го погоди Балканот: Се закануваат поплави, силни ветрови создаваат хаос во Загреб, најлошо е во БиХ

Read more
 

Вести

Три земјотреси ја погодија Грција во еден час

Читај повеќе

Повредените со изгореници да не веруваат на мевлеми на социјалните мрежи, преврските се прават во болница

Читај повеќе

Зеленски: Русија сега купува време, подготвува две големи офанзиви напролет

Читај повеќе

Групата „Кочани“: Дојде време да избираме - децата или партиите

Читај повеќе

Пет години од членството на Северна Македонија во НАТО

Читај повеќе

Девет пациенти денес излегуваат од нашите болници, а осум се враќаат од странство

Читај повеќе

Девојка допирана по телото на автобуска постојка во Центар

Читај повеќе

Додик се огласи за потерницата: БиХ е промашена и пропадната земја

Читај повеќе

Сопругата на насилникот од Радовиш не сака да го гони, видеото било старо, МВР поднесе кривична

Читај повеќе