Четворицата заложници, Тал Шохам, Омер Шем Тов, Омар Венкерт и Ели-Хе Коен, кои вчера се вратија во Израел, биле подложени на тортура, физичко насилство, психичко малтретирање и гладување во период од 16 месеци, објави синоќа израелската телевизија 11 כאן.

Четворицата изгубиле десетици килограми од својата телесна тежина и биле држени во тунели на различни локации во Појасот Газа, според 11 כאן.
Сите четворица сведочеа дека речиси воопшто не јаделе. „Нè изгладнуваа“. Рекоа дека сите ги избричиле главите минатата недела, а четворицата дури научиле и арапски за време на нивното заробеништво, се дознава.
Тал Шохам бил држен со други заложници и не знаел дека неговата сопруга Ади била киднапирана заедно со нивните две деца Јахел и Неве и дека сите биле ослободени од заробеништво. Кога израелските сили му покажаа слики од неговите деца, тој рече: „Колку е прекрасно да се биде слободен“.
אלי-ה כהן, עומר שם טוב, עומר ונקרט וטל שהם עברו עינויים, התעללות והרעבה; אברה מנגיסטו חזר מהשבי במצב לא טוב ומתקשה לתקשר@ItayBlumental #חדשותהשבת pic.twitter.com/oU3DmMwMOY
— כאן חדשות (@kann_news) February 22, 2025
Омар Венкерт воопшто не бил изложен на медиумите. Дури откако бил ослободен, дознал дека неговата девојка Ким Демати, со која тој отишол на забава во Реим, била убиена на 7 октомври. Венкерт ослабел 30 килограми, а едно од неговите први барања било да испуши цигара: „Јас ја чекав оваа цигара 500 дена“, рече тој. Бил држен и со други заложници, пренесува 11 כאן.
Омер Шем Тов бил држен во тунел, каде што поголемиот дел од времето го поминувал сам. Имал малку медиумска експонираност и бил свесен за протестите за неговото враќање. Сведочеше дека тоа го зајакнало и му давало надеж дека на крајот ќе биде ослободен.
Ели-Ха Коен исто така беше задржан во самица и не бил изложен на медиумите. Дури вчера дознал дека неговата сопруга Жив Абауд го преживеала масакрот. Рече дека бил изложен на дневна светлина само во последните неколку дена кога му било дозволено да излезе надвор, објави 11 כאן.
