Објавени транскрипти од апсењето на Флојд: Кажете им на децата дека ги сакам. Мртов сум

Поранешниот американски полицаец Дерек Шовен кој е обвинет за убиството на Џорџ Флојд за време на приведување, му рекол да престане да зборува додека го притискал со колено на вратот, покажаа судските документи.

Невооружениот Афроамериканец во плач ги спомнувал покојната мајка и децата додека му кажувал на полицаецот од Минеаполис дека се задушува и умира, покажаа транскриптите од снимката земена од камерата што американските полицајци задолжително ја носат на униформата.

Овие транскрипти беа изложени пред судот од адвокатите на еден од полицајците вмешани во фаталното приведување. Документите понудија најјасна слика досега за последните мигови од животот на Флојд. По неговата смрт во мај, низ САД разгореа бурни протести против расизмот и полициската бруталност кои добија поддршка ширум светот.

Сите четворица полицајци кои учествувале во приведувањето на Флојд потоа беа отпуштени од работа и уапсени. Дерек Шовен, кој му клекнал на врат, се соочува со неколку обвиненија, вклучувајќи и убиство од втор степен според Кривичниот законик на САД, а останатите тројца – Томас Лејн, Џеј Александер Куенг и Тоу Тао – се товарат за помагање и овозможување на убиство.

Транскриптите беа изложени пред судот од адвокатите на Лејн кои побараа врз основа на овој доказ да бидат отфрлени обвиненијата против нивниот клиент.

Предупредување: Содржината што следи подолу може да ве вознемири!

Што покажуваат транскриптите?

Сѐ досега, најдобар приказ на тоа што се случило за време на приведувањето на Флојд нудеа снимките на очевидци објавени на социјалните мрежи. Новите транскрипти нудат подетален приказ и расветлуваат многу важен дел од настанот, од моментот кога Лејн и Куенг пристигнале на местото на настанот, до моментот кога во амбулантното возило му се дава вештачко дишење на Флојд.

Транскриптите од камерите што ги носеле Лејн и Куенг покажуваат дека Флојд повеќе од 20 пати рекол дека не може да дише додека полицајците го потискале на улица во Минеаполис.

Прво го пресретнале пред колонијална продавница каде наводно употребил фалсификувана банкнота од 20 американски долари за да купи цигари. Во еден момент, додека со рацете во лисици зад грб бил приклештен на асфалтот покрај полициското возило, Флојд им кажува на полицајците дека не може да дише и вели: „Ќе ме убиеш, човеку“.

Шовен, кој на видео на случаен минувач може да се види како со колено го притиска Флојд на вратот речиси осум минути, на тоа му одговара: „Тогаш престани да зборуваш, доста се дереш. Трошиш многу кислород кога зборуваш.“

Транскриптите покажуват дека Флојд соработувал на почетокот на приведувањето, не пружал отпор и постојано им се извинувал на полицајците откако пришле до неговиот паркиран автомобил.

Лејн му рекол на Флојд да ги крене рацете најмалку 10 пати пред да му нареди да излезе од возилото. На тоа Флојд му одговара: „Човеку, ме имаат застрелано, ме имаат застрелано поради тоа, господине полицаец, претходно.“ Не е јасно на што мислел Флојд со кажаното.

Во еден момент Лејн вели: „Зошто е толку нервозен и не ги крева рацете и зошто е толку чуден?“

Потоа полицајците му ставаат лисици на Флојд и се обидуваат да го стават на задното седиште од полициското возило. Додека го прават тоа, Флојд почнува да се вознемирува и постојано молбено објаснува дека е клаустрофобичен.

Лејн прашува дали е „под дејство на нешто“, а Флојд му одговара: „Човеку, исплашен сум.“

Според еден друг документ приложен пред судот, Лејн им рекол на иследниците дека откако го ставиле Флојд во автомобилот, тој почнал да се ниша напред-назад. На прашањето „Сам насила излезе од возилото?“, Лејн одговорил: „Аха“.

Потоа иследникот го прашал: „Значи не го извлековте вие од возилото?“ и Лејн одговорил „Да, бидејќи целта е да го задржиме внатре во возилото, не сакавме да ни излезе пак.“

Додека бил приклештен на земја, според транскриптот од снимките, Флојд десетина пати во плач извикува „Мамо“. Вели: „Не ми се верува ова, човеку. Мамо, те сакам. Те сакам. Кажете им на децата дека ги сакам. Мртов сум.“

Во еден момент Флојд продолжува да кажува дека не може да дише, а Лејн го прашува Шовен: „Да го свртиме на страна?“

Шовен на тоа одговара: „Не, ќе остане така како што држиме.“

Лејн потоа вели: „Океј. Само имај го на ум возбудениот делириум или што и да е ова“.

Шовен одговара: „Па, затоа викнавме амбулантно возило“, а Лејн одговара: „Тогаш, претпоставувам дека е океј“.

Тагови
реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Свет

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more

Сè за Германија? Мало морген!

Read more

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Read more

Жена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит

Read more
 

Вести

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Читај повеќе

Сè за Германија? Мало морген!

Читај повеќе

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Читај повеќе

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Читај повеќе

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Читај повеќе

Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица го објави својот предизборен спот

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Читај повеќе

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Читај повеќе