Рецепти

Облачиња од јајца

13. ноември 2017 - 13:27 | К.З.

Јајцата се секогаш добар избор за појадок, не само заради тоа што се евтини и лесни за подготовка, туку и заради тоа што ви даваат енергија за да почнете со денот.

За вашиот следен појадок го препорачуваме овој брз и лесен рецепт со јајца, наречен „Облачиња од јајца“.

Сѐ што ви е потребно за подготовка на овој рецепт е:

  • 2 јајца
  • Сол (според вашиот вкус)
  • Бибер (според вашиот вкус)

Подготовка:

  • Претходно загрејте ја рерната на 230 степени
  • Одвојте ги белките од жолчките. Жолчките тргнете ги на страна, ќе ви бидат потребни подоцна.
  • Ставете ги белките во сад и со миксер матете ги додека не станат пенасти.
  • Ставете сол и бибер, по желба.
  • Ставете ја пенастата смеса во сад за печење и со лажица израмнете ја површината, освен на едно место, каде треба да направите вдлабнатина за да ги ставите таму жолчките подоцна.
  • Печете 8-10 минути.
  • Ставете ги жолчките во вдлабнатините и печете уште 3 минути.
  • Сервирајте со тост, пире или храна по ваш избор.

Пријатен апетит!

Коментирај