Облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено, со повремени врнежи од дожд и снег во пониските, а на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец.

Фото: Филип Здравески (Кајгана)

Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со услови за повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Слаби врнежи од снег, кои не претставуваат проблем за сообраќајот, има во Тетово, Попова Шапка, Маврово, Стража и Крушево, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Утре ќе биде променливо облачно и студено, со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец. Во наредните денови ќе се задржи студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула, а услови за повремен снег ќе има во вторник.

реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Шест причини зошто леблебијата е една од најздравите намирници

Read more

Македонија

Станбените кредити во февруари со годишен раст од 12,3, потрошувачките од 6,3%

Read more

Средните училишта со здравствени струки нема да запишуваат ученици вонредно

Read more

На денешен ден пред 19 години Македонија поднесе барање за членство во ЕУ

Read more

Променливо облачно со умерен ветер

Read more
 

Вести

Станбените кредити во февруари со годишен раст од 12,3, потрошувачките од 6,3%

Читај повеќе

Средните училишта со здравствени струки нема да запишуваат ученици вонредно

Читај повеќе

На денешен ден пред 19 години Македонија поднесе барање за членство во ЕУ

Читај повеќе

Курти: Дали Вучиќ е Доктор Не или Мистер Њет?

Читај повеќе

Францускиот парламент со големо мнозинство гласаше за нов нуклеарен план

Читај повеќе

Институт за војна: Путин не го доби она што го сакаше од кинескиот колега

Читај повеќе

Американскиот долар ослабе во однос на еврото

Читај повеќе

Потврдено: Папата Бенедикт бил под истрага како соучесник во сексуална злоупотреба

Читај повеќе

Променливо облачно со умерен ветер

Читај повеќе