Македонија

Облачно со повремен снег на повисоките места

19. јануари 2020 - 9:23 | МИА

Скопје, 19 јануари 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно, на повисоките места и на планините во западните делови со повремен слаб снег.

Ќе дува слаб, кон крајот на денот долж Повардарието и умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од -2 до -6 степени, а утринската температура  од 2 до 7 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб умерен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 2 степени, а дневната температура до 4 степени.

Коментирај