Фудбал

Облак си оди, Атлетико го враќа поранешниот голман

22. ноември 2017 - 18:08 | К.З.

Шпекулациите за летното заминување на неколку играчи од Атлетико, меѓу кои и голманот Облак, се сѐ погласни, па затоа и клубот уште од сега размислува за негова замена.

Јан Облак летово би можел да замине во ПСЖ, а Атлетико Мадрид сакаат негова замена во тимот да биде Тибо Куртоа.

Куртоа сѐ уште нема потпишано нов договор со Челзи, а тоа сериозно ги загрижува навивачите на Челзи, посебно поради фактот што Атлетико Мадрид покажува сериозен интерес за неговите услуги.

Белгискиот голман знае како функционираат работите во Атлетико, бидејќи три години настапуваше за мадридскиот тим со кој ја освои титулата во Ла Лига во 2014 година. Тој беше еден од милениците на тренерот Симеоне, а и двајцата рекоа дека ќе ја држат вратата отворена за нова меѓусебна соработка.

Облак лани потпиша нов договор со откупна клаузула од 89 милиони, но изгледа дека тоа нема да биде доволно за да се спречат клубовите како ПСЖ и Јувентус доколку тие навистина сакаат да го купат голманот.

Коментирај