Вкусен десерт, обланди со ореви.
Состојки:
1 пакување обланди
500 грама мелени ореви
500 грама шеќер
Сок од 1 лимон
1 лажичка какао
Подготовка:
Во тенџере на оган го ставаме шеќерот и две чаши вода, откако ќе зоврие водата ги додаваме мелените ореви и сокот од еден лимон.
Добиената смеса ја делиме на два дела, во едниот дел додаваме лажичка какао, а другиот останува бел.
Редиме наизменично обланда од црната смеса па потоа од белата, така ја повторуваме постапката се додека не ја потрошиме целата смеса.
На крај ги притискаме обландите со некој предмет ги оставаме така да отстојат неколку часа.
Оладените обланди ги сечеме на парчиња по желба.