Чек дис аут

Област 51: Повеќе од 260.000 луѓе ќе тргнат во лов на вонземјани

11. јули 2019 - 15:55 | Б.С.Б.

Повеќе од 260.000 луѓе се подготвени да тргнат во лов на вонземјани на подрачјето на воздухопловната база Едвардс. Настанот е организиран под името Storm Area 51, They Can’t Stop All of Us“.

Обидот за организиран упад во американската база, која инаку е добро чувана, е закажан за 20 септември. Повеќе од 300.000 корисници на Facebook означиле дека се заинтересирани за таа акција.

„Ќе се состанеме во Областа 51 и ќе го координираме нашето влегување“, е навeдено на Facebook.

Тајната американска воздушна база под кодното име Област 51 во државата Невада со години е магнет на сите видови теоретичари на завери и ловци на вонземјани. Во 50-тите години на минатиот век САД почнаа да тестираат авион за извидување на висока надморска висина и веднаш се појавија извештаи дека таму е виден НЛО.

Во 2013 година Владата на САД призна дека таа тајна база има врска со разузнавачка дејност. Се смета дека базата е задолжена за развој на шпионска технологија за ЦИА, која неретко се поврзува со дизајн на вознемски вселенски брод. Теоретичарите на заговор и понатаму тврдат дека тоа е место на кое веќе се наоѓа НЛО или ќе слета НЛО.

Нивото на обезбедување на тоа подрачје не ги уплаши ловците на вонземјани. Во јануари годинава службениците од Националната безбедност на Невада пукаа во човек кој се обиде со возило да влезе во областа.

Коментирај