Лондон, 30 декември 2019 (МИА) – Лондонскиот Биг Бен, часовник на кулата во Вестминстерската палата, ќе заѕвони на полноќ на 31 декември, првпат по обновувањето на кулата.
Кулата на Елизабета на зградата на британскиот Парламент, висока 96 сантиметри, претставува една од најфотографираните згради во Велика Британија, се реконструираше во последните две години.
Во овој период, фасадата на сите четири страни на часовникот е преработена, стрелките се обоени, а украсите во камен исчистени и обновени.
Дел од скелињата се отстранети во март, кога се потврди дека броевите на часовниците кои некогаш биле црни сега се обоени во сино, која според мислењата на научниците е оригиналната боја.
Уште од кога почна со работа во 2017 година, часовникот ѕвонеше само за важни настани.
Часовникот последен пат ѕвонеше на Денот на сеќавање, празник посветен на примирјето во Првата светска војна, 11 ноември.
Целосната реконструкција на Биг Бен треба да заврши во 2021 година.