„Обој го светот во портокалово“ – 16 дена активизам под мотото #КажиНе на насилството врз жени и девојчиња

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, со портокаловото осветлување на скопската тврдина Кале, Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на Европската Унија, официјално започнува годинешната кампања со слоган „#КажиНе на насилството врз жени и девојчиња“. Овој симболичен чин го означува почетокот на серија настани и активности, како дел од кампањата што ќе трае до Меѓународниот ден на човекови права, 10 декември 2020 г.

Насилството врз жените и девојчињата претставува голем општествен проблем, кој зазема сè поголеми размери во светски рамки. Имено, 45 отсто* од испитаните жени и девојчиња во Република Северна Македонија, доживеале некаква форма на насилство.

Целта на кампањата „#КажиНе на насилството врз жени и девојчиња“, која трае 16 дена, е да прати силна порака против насилството врз жените и девојчињата, со тоа што неколку знаменитости низ различни градови во државата ќе бидат осветлени во портокалова боја, како симбол за посветла иднина, без насилство врз жените и девојчињата. Со цел поттикнување дискусија на поширока општествена основа, кампањата ќе вклучува инсталација „Скршени предмети“ што ќе биде поставена пред Музејот на Мајка Тереза, како и неколку тематски онлајн конференции, дискусии, работилници и студентски натпревар за најдобар тематски графички дизајн. На 30 ноември, инсталацијата „Скршени предмети“ ќе биде поставена на плоштадот во Гостивар, а како дел од активностите на кампањата, на 1 декември е предвидено и осветлување во портокалова боја на Занаетчискиот дом во Куманово. Следниот ден, на 2 декември, во портокалова боја ќе биде осветлен театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ во Велес, институција што широкоградо прифати да биде дел од кампањата со сопствени можности и техника.

Поради специфичната ситуација со пандемијата на COVID-19, кампањата ќе биде спроведена во согласност со сите заштитни мерки и протоколи, а во рамките на активностите ќе се користат можности и за онлајн комуникација, со учество на високи владини претставници, како и претставници на на ОН и на Европската Унија, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и граѓанските организации.

Во рамките на кампањата е предвидено објавување интерактивни содржини и едукативни пораки на социјалните медиуми од повеќе поединци од различни сфери на општеството, како нивен заеднички придонес во борбата против насилството врз жените и девојчињата.

Крајниот резултат на оваа борба зависи од сите нас. Затоа, да реагираме! Да пријавиме! Да менуваме!

*извор: Истражување спроведено од ОБСЕ за насилството врз жените во Република Северна Македонија, 2019

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Живот

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Read more

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Read more

Ресторан дава бесплатно шише вино ако не зјапате во телефонот додека јадете

Read more
 

Магазин

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Читај повеќе