Филм & ТВ

Обожавателите имаат луда идеја за спојување на две популарни серии: „Stranger Things“ и „Chernobyl“

11. јули 2019 - 11:34 | А.С.

Интернетот е прекрасно место каде ќе прочитате и добиете најразлични идеи.

Обожавателите на ТВ-серии се особено гласни и инвентивни, како на социјалните мрежи, така и на форумите специјализирани за филм и ТВ-содржини.

Наоѓаат маани и грешки во снимање, предлагаат подобри опции за кастинг, анализираат како завршиле омилените серии, нудат идеи за продолженија и за кросовер верзии.

Кросовер сезоните и епизодите на славни серии не се новитет, но оваа идеја на еден Reddit корисник е навистина посебна

Корисникот Gamer_Nation смисли една таква кросовер верзија што е подеднакво бизарна и привлечна на некој многу изопачен начин, па јасно е дека привлече многу внимание.

Тој предлага да се вметне нуклеарната катастрофа во Чернобил во четвртата сезона на „Stranger Things“.

Теоретски, ова не звучи така невозможно.

*Внимание! Спојлери за третата сезона на Stranger Things

Прво, го имаме целиот советски подзаплет во третата сезона на Stranger Things (за оние кои ја немаат гледано, уште еднаш, ќе има спојлери).

„Злобните Руси“ се негативците на Хокинс во оваа сезона (или барем негативците кои не се интердимензионални демони).

Во екстра сцена од финалната епизода откриваме дека Советскиот Сојуз правел истражувања на Upside Down во тајна база во Русија каде фатиле Демогоргон и уште еден лик.

Ок, тоа што можно е следната сезона да се случува во Русија не е баш доказ дека Борис Шчербина ќе се приклучи на екипата на „Stranger Things“, но, овој хронолошки распоред на серијата не е невозможен:

Сезона 1: Зима 1983 година (Божиќ)

Сезона 2: Есен 1984 (Ноќ на вештерките)

Сезона 3: Лето 1985 (Денот на независноста на САД)

Сезона 4: Пролет 1986 (Велигден).

А кога експлодира четвртиот реактор во централата Чернобил и ја предзвика најголемата нуклеарна катастрофа во човечката историја? На 26 април, 1986 година.

„Доктор Овенс рече дека користат нешто познато за да ја убедат јавноста да не се интересира повеќе за необичните случувања“, ја продлабочуваат фановите оваа „теорија на заговор“.

Па, дали експлодира нуклеарен реактор или Ел ја имаше најголемата битка во нејзиниот живот?

Датумите и локациите се поклопуваат, но сепак останува загриженоста дека Netflix нема да сака да ја вмешува оваа вистинска човечка трагедија во фиктивна забавна приказна како „Stranger Things“.

Да, серијата се потпира на ретро шмекот на 80-тите, но едно е да вметнеш носталгично „кока-кола“ шише, а друго е да чепкаш во животни судбини.

Плус, серијата „Chernobyl“ е во продукција на HBO. 

Дали вие сте фанови на некоја од сериите? Можеби на двете?

Што мислите вие за оваа опција?

Коментирај