Хроника

Обвинение против 36-годишен скопјанец за трговија со марихуана и амфетамини

12. јули 2019 - 12:35 | МИА
Скопје, 12 јули 2019 (МИА) – Обвинителен акт против 36-годишен скопјанец, осомничен дека сторило кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ поднесе денеска јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.

– Обвинетиот 36-годишен скопјанец се товари дека неовластено во дом во кој престојувал на улица „Охридска“ држел наркотична дрога – марихуана со вкупна нето тежина од 276,43 грама, како и психотропна супстанција – амфетамин со вкупна нето тежина од 486,06 грама. Освен ова, во домот биле пронајдени и полиетиленски пакувања со 29 таблети со жолта боја и втиснато лого „ТЕСЛА“ кои претставуваат психотропна супстанција 3,4 метилен-диоксиметамфетамин (МДМА), како и дигитални ваги и стаклен тас со остатоци од наркотични дроги и психотропни супстанции, се вели во соопштението од ОЈО.

Со поднесувањето на обвинението, од јавниот обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје е доставен и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетото лице. 

Коментирај