Обвинение против тетовец кој двапати физички ја нападнал поранешната сопруга

Скопје, 22 септември 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено продолжено кривично дело – телесна повреда согласно член 130 став 2 во врска со став 1 и вo врска со член 45 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ОЈО, обвинетиот 40-годишник од Тетово со престојувалиште во Скопје, во временскиот период од 30 август до 1 септември, во два наврата, со умисла презел временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно извршување на истото дело.

На 30 август, во семејниот дом во Скопје при вршење семејно насилство, со умисла ја повредил поранешната сопруга, така што со тупаници повеќе пати ја удрил во пределот на главата и во десната подлактица.

На 1 август, во парк во близина на основно училиште во Аеродром, тој повторно со умисла телесно ја повредил оштетената, која со нивните заеднички малолетни деца била излезена на прошетка. Обвинетиот со такси возило ја чекал пред влезот на училиштето, по што тргнал кон неа и неколку пати со тупаници повторно ја удрил во главата и во десната подлактица.

Од двата напади кај оштетената билe нанесени телесни повреди во вид на набиеници, подливи и акутна реакција на стрес.

Со цел обезбедување на присуството на обвинетиот во текот на кривичната постапка, како и заштита од повторување на насилното однесување кон оштетената, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор, стои во соопштението на ОЈО.​

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Хроника

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Read more

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Read more

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more
 

Вести

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе