Генералниот обвинител на Бразил Родриго Жанот побара подигнување на обвинение од Врховниот суд против претседателот Мишел Темер за пасивна корупција, што е нова постапка која би можела да ја загрози неговата функција по неколку афери.
Обвинителот го товари Темер дека ја „преценил својата функција“ и примил поткуп од околу 150.000 долари од компанијата за производство на месо ЈСБ, која е вмешана во корупциски скандал кој го потресува Бразил.
Неколку часа пред поднесување на барањето, прво од таков вид против еден претседател на Бразил, Темер изјави дека е „неуништив“. „Никој не може да не уништи, ниту мене ниту моите министри“ забележа Темер.
За да може официјално да биде обвинет и изведен пред Врховен суд, неопходно е барањето на главниот обвинител да го прифатат две третини од пратениците во бразилскиот парламент. Доколку се случи тоа, Темер би можел привремено да биде отстранет од власт до 180 дена.