Поранешниот министер за транспорт и врски од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески, на денешното рочиште во случајот „Насилство“, се изјасни за невин.
„Ниту сум сторил, ниту се чувствувам виновен“ рече пред судот.
Екс претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ за Центар, Томислав Лазаров се изјасни за виновен и рече дека длабоко се кае за стореното дело во постапката за нарачаното насилство во општина Центар.
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова исто така рече дека не е виновна.