Обвинети две лица за злоупотреба при спроведување на ИПА проекти

Скопје, 11 мај 2021 (МИА) – По спроведена истрага од меѓународни рамки во која биле вклучени и меѓународните организации ОЛАФ и ЕУРОПРАВДА, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, поднесе Обвинителен акт против две лица, за злоупотреба на службена положба и овластување при спроведување на ИПА проекти.

Врз основа на прибраните докази во текот на истражната постапка на првообвинетиот Ј. Ј. (48) му се става на товар дека во соизвршителство со второобвинетата Ј. Г. (53) сторил кривично дело – „Злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 ст.5 в.в.ст 3 и 1 вв член 22, кривично дело – „Перење пари и други приноси од казниво дело“ предвидено и казниво по чл. 273 став 1, како и кривично дело – „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“  по член 396 став 1 од Кривичниот законик, додека второобвинетата сторила кривично дело – „Злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 ст.5 в.в.ст 3 и 1 вв член 22 и кривично дело – „Перење пари и други приноси од казниво дело“ предвидено и казниво по чл. 273 став 1 од Кривичниот законик.

– Во периодот од октомври 2012 година до април 2017 година, првообвинетиот како службено лице – именуван функционер и Претседател на Управувачки комитет на проект, заедно и по претходен договор со второобвинетата – раководен државен службеник и член на Управувачкиот комитет, со намера да прибават противправна имотна корист за себе и за едно правно лице од Р. Италија, постапиле спротивно на нивните службени обврски и ги  искористиле своите службени положби и овластувања, се вели во соопштението од ОЈО.

Обвинетите, се додава во соопштението, спротивно на принципот за доверливост и на принципот за еднаков третман на апликантите дефинирани во PRAG/ПРАГ – „Практичното упатство“ кое е задолжително за постапување на сите корисници на средства од ИПА фондови, иако биле свесни дека е недозволиво, споделувале доверливи тендерски информации за условите за работење и „ТОР“ (Terms of references) за два ИПА проекти што се спроведувале во две министерства.

– Правното лице од Италија ги искористило неовластено споделените информации и изготвило понуда адаптирана на потребите и ги исполнило сите технички и финансиски услови. Воедно, обвинетата Ј.Г. во претходен договор со обвинетиот Ј.Ј. за едниот проект помогнала при изготвувањето на финансиската понуда на правното лице – апликант и ја прилагодила согласно на условите кои биле објавени во тендерот.  Со ваквите дејствија обвинетите му овозможиле на правното лице да има незаконита правна предност во однос на другите апликанти на тендерите и истото да биде избрано за изведувач на проектите, информираат од ОЈО.

Како награда за поддршката, се вели во соопштението од ОЈО, обвинетите од страна на италијанското правно лице освен со туристички патувања биле наградени и со парични средства.

– Првообвинетиот со дејствијата што ги извршил за себе прибавил противправна имотна корист во вкупен износ од 2.609.445,00 денари  или 42.430 евра, додека второобвинетата за услугите што ги извршила за време на спроведување на проектите противзаконито се стекнала со 3.508.698,00 денари, односно 57.052 евра кој износ правното лице го исплатило од паричните средства наменети за спроведување на проектот на нејзина сметка отворена во Р.Грција, информираат од ОЈО.

Од ОЈО, посочуваат дека со преземените дејствија обвинетите ја довеле во прашање законитоста на спроведените проекти.

– Европската Комисија согласно член 29.1 од Рамковната спогодба склучена меѓу Р.С.Македонија и Европската комисија за правилата за соработка во однос на финансиската помош на Европската Комисија за Република Македонија, во рамките на спроведувањето на помошта според инструментот за претпристапна помош (ИПА), преку Генералниот директорат за проширување и соседска политика, побарува поврат на средствата доделени за спроведување на проектите во висина од 982.307,65 евра за првиот проект, односно 771.620,20 евра за вториот проект. Износот во вкупна вредност од 1.753.927,85 евра треба да се врати на Европската Комисија, а на штета на Буџетот на Р.С.Македонија, информираат од ОЈО.

При претресот на домот, се вели во соопштението од ОЈО, на првообвинетиот во текот на 2019 година беше пронајдено оружје – пиштол марка „Luger“ што не e евидентиран во евиденциите за оружје и што обвинетиот неовластено го поседувал.​

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Хроника

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Read more

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Read more

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Read more

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе