Обвинетите во случајот „Двојник” вкупно осудени на 16 години затвор

Кривичниот суд Скопје ги прогласи за виновни Фарук Буки, Весна Колевска и Бранислава Шпишиќ, обвинетите во случајот „Двојник“ кој се однесува на нелегалното издавање македонски пасоши на странци осомничени за криминал и барани со потерници.

Обвинетиот Буки, од страна на судот е осуден на три години затвор, додека на обвинетите Колевски и Шпишиќ им изрече условни казни од една година затвор во случај да го повторат кривичното дело во следните три години.

Застапникот на обвинението Спасенка Аднонова, по објавување на пресудата предложи да се продолжи мерката притвор за обвинетиот Буки. Воедно, таа побара да продолжат и мерките за претпазливост за обвинетите Колевска и Шпишиќ .

Судскиот случај „Двојник” заврши со 16 години и 1 месец затвор за седум од вкупно единаесетмина обвинети. Со денешната пресудата за Фарук Буки (3 години затвор) и за Весна Колевска и Бранислава Шпишиќ (условни казни), во Кривичниот суд Скопје, заврши првостепената постапка за судскиот пред „Двојник”.

Во судската постапка иницирана од ОЈО Скопје, за издавање на патни исправи со лажен идентитет казна затвор им беше изречена и на Денис Баруфи (2 години и 7 месеци), Ален Личина (2 години и 3 месеци), Раиф Мифтари (2 години и 3 месеци), Ѓорѓе Велков (2 години), Оливера Софрониева (2 години и 5 месеци) и Шемседин Јашари (1 година и 7 месеци). За разлика од обвинетиот Буки, сите други обвинети при првите рочишта ја признаа вината за извршено кривично дело „злоупотреба на службена должност”.

Судијката Оља Ристова, при изрекување на пресудите наведе дека со издавањето на лажните патни исправи е загрозен и интегритетот на системот на издавање патни исправи, а исто така, е нарушен интегритетот и безбедноста на државата. Според Обвинителството, тие во период од јуни 2017 година, па до крајот на 2020 година, правеле лажни исправи со намера да се употребат како вистински. Како застапник на обвинението во овој случај беше јавната обвинителка Спасенка Андонова.

Воедно, по однос на прво степените пресудите обвинетите имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.

реклама

Срам за репрезентацијата: Зошто Арнаутовиќ брутално ги пцуеше македонските фудбалери?

Read more

Дали Македонија ќе го зацементира негативниот рекорд на Украина?

Read more

Пандев: Не издржавме, но таков е фудбалот. Против Украина одиме на сè или ништо

Read more

Да се укине полицискиот час и да се дозволат настани, концерти и забави се најновите препораки

Read more

Хроника

Приведени осум лица, растурена домашна забава во Скопје

Read more

Обвинение за гостиварец поради пуштање во оптек лажни пари

Read more

Продолжен притворот на Орце Камчев

Read more

Обвинетите во случајот „Двојник” вкупно осудени на 16 години затвор

Read more
 

Вести

Четири нови случаи на COVID-19, 1 починат

Читај повеќе

Горивата поскапуваат од полноќ

Читај повеќе

Да се укине полицискиот час и да се дозволат настани, концерти и забави се најновите препораки

Читај повеќе

Бајден: Автократска Русија е послаба отколку што се чини

Читај повеќе

Цените на нафтата највисоки во последните две години

Читај повеќе

Ниту еден починат првпат по 10 месеци, осум градови без активни случаи на COVID-19

Читај повеќе

Последен Г7 самит за Меркел, прв за Бајден

Читај повеќе

Без струја делови од неколку улици во Кисела Вода и Карпош

Читај повеќе

Облачно и посвежо денеска и утре, потоа повторно затоплување

Читај повеќе