Обвинетите за „27 април“ бараат укинување на првостепените пресуди

Скопје, 29 мај 2020 (МИА) – Не знам кој ме жртвуваше година и пол пред пензија, нека му служи на чест. Моја задача беше да информирам, да известувам, но на 27 април придонесов за заштита на животот на пратениците, рече обвинетиот Оливер Поповски, поранешен вработен во Агенцијата за разузнавање во својата одбрана во Апелациониот суд Скопје.

Како поранешен припадник на Агенцијата за разузнавање, своја одбрана даде и обвинетиот Мунир Пепиќ, кој рече дека на 27 април во Собранието влегол по службена задача.

– Моја задаче беше да го следам Н.Н., ако тоа лице немаше да влезе во Собранието, немаше ни јас да влезам, ќе бев со моето семејство, рече обвинетиот Пепиќ, кој е обвинет за напад на пратеникот Зијадин Села, односно за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата.

Обезбедувањето на Собранието, обвинетиот Абдулфетах Алими, во својата одбрана истакна дека уште не може да разбере зошто е осуден.

– Во канцеларијата каде го сместив господинот Села, јас сум ја чекал смрта. Но, со помош на господ јас и господинот успеавме да излеземе надвор. За сите други работи ги имате снимките од Собранието, исказите на сведоци и жалбата од одбраната, рече обвинетиот Алими.

Од страна на обвинителството Алими е обвинет дека на обвинетиот Горан Ѓошевски-Леви, му ги предал клучевите од вратите на Собранието.

Обвинетиот Игор Југ, кој се товари дека сакал да ги убие пратениците Дамјан Манчевски и Зоран Заев, пред кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје, изјави дека во ниту еден момент во тек на судскиот процес пред Кривичен суд, не се утврдил дека тој има и носи оружје (пиштол).

– Кога го прашав Дамјан Манчевски какво оружје сум имал, рече дека не се разбира во оружје. Тој хајката против мене ја почна уште на 30 април, кога на прес-конфереција рече дека Игор Југ е лице со кривични пријави за силување, убиство и трговија со дрога. Вистината е дека јас немам ниту едно кривично дело, рече обвинетиот Југ.

Воедно, сите други обвинети од страна на Апелациониот суд Скопје побараа да ги проверат изведените докази и исказот на заштитениот сведок С1. Тие сметат дека правдата порано или подоцна ќе биде задоволена за овој предмет. 

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Хроника

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more
 

Вести

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе