Македонија

Обвинетите за 27 април се во депресија и на бањи

7. декември 2017 - 12:25 | Макфакс

Обвинителот Момир Маричиќ од Обвинителството за организиран криминал и корупција на седница на Апелациониот суд во Скопје побара да остане мерката притвор за Борис Дамовски. Вели, само на тој начин ќе се осигура неговото присуство во постапката.

„Дамовски е еден од главните обвинети во овој предмет“, рече Маричиќ.

„Сега сите се болни, на лекување, во депресија, на бањи…“, рече обвинителот.

Адвокатот Миле Петровски кој го брани Дамовски побара да му се укине притворот, бидејќи како што рече се јавил уредно во полициска станица и бил дома кога бил направен претресот.

Апелациониот суд на јавни седници ќе расправа по жалбите на 5 обвинети за настаните од 27 април на кои кривичниот совет им го замени куќниот притвор со притвор.

Коментирај