Обвинителството бара доживотен затвор за убиецот на Емилија Пешева кој призна вина

Обвинителството побара доживотна казна затвор за 33-годишниот, Фадил Зејнелов, кој пред три години ја уби својата партнерка Емилија Пешева.

Обвинетиот ја призна вината, а по убиството на 1 ноември минатата година тој самиот се пријави во полицијата. Сепак обвинителството верува дека тоа не треба да биде олеснителна околност, бидејќи Зејнелов веќе 10 години поминал во затвор за други дела.

Доживотна казна бара и семејството на Емилија.

„Обвинителството кажа убаво, казната да биде доживотна за монструмот што ни ја утепа ќерката. Очекувам дека судот ќе пресуди доживотна, а тоа го сакаме и ние како родители“, рече таткото на Пешева во изјава за медиумите пред судот, тврдејќи дека убиецот по убиството не заминал директно во полицијата, туку првин пошол во казино и играл комар.

Пресудата ќе биде објавена во среда на 12 февруари.

Според обвинението, тој се товари дека откако се договориле и се сретнале пред нејзиниот дом, заедно отишле во напуштен објект на ЈП Исар за да разговараат за проблемите во нивната повеќегодишна врска. Разговорот преминал во расправија, по што обвинетиот физички ја нападнал жртвата и започнал да ја удира со тупаници. Кога таа паднала на подот, тој започнал силно да ја стега во пределот на вратот додека не дошло до прекин на дишењето и нарушување на дотокот на крв во мозокот, како резултат на што жената починала.

реклама

Салатата од компири ќе биде повкусна ако додадете една едноставна состојка

Read more

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Read more

Роверот Perseverance испрати ново селфи од Марс

Read more

Рецепт за освежителен сок од цвет од багрем

Read more

Хроника

Скопјанец нашол рачна бомба додека го чистел дворот

Read more

Уапсен возачот кој вчера во Скопје удри во 13-годишен велосипедист

Read more

Манијак во парк во Ѓорче Петров: Уапсен 86-годишен старец кој нападнал малолетничка

Read more

Серискиот убиец од Старо Нагоричане осомничен за уште две убиства на жени

Read more
 

Вести

Подгорица ја осуди изјавата на Вучиќ за годишнината од црногорската независност

Читај повеќе

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Читај повеќе

Скопјанец нашол рачна бомба додека го чистел дворот

Читај повеќе
  • play_arrow

Трагедија на Малдивите: Пет Италијанци загинаа додека нуркаа во пештера

Читај повеќе

Јаневска ги потврди казните од 250 евра за родителите на насилните ученици

Читај повеќе

ЗНАМ: Венко Филипче е политички мегафон на Софија во Скопје

Читај повеќе

Откривање портрет и изложба на фотографии во чест на Борис Трајковски

Читај повеќе

Општина Ѓорче Петров почна пилот-проект за селекција на отпад

Читај повеќе

Комисија за заразни болести: Низок е ризикот од појава и ширење на хантавирус во државата

Читај повеќе