Обвинителството ги отфрли кривичните пријави поднесени против пет уставни судии

Скопје, 2 јули 2018 (МИА) - Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Скопје ги отфрли кривичните пријави против петмина судии од Уставниот суд поднесени од страна на претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров.

Во денешното соопштение од Јавното обвинителство се наведува дека надлежниот јавен обвинител утврдил дека нема основано сомнение оти судиите ги сториле кривичните дела за кои биле пријавени.

Во кривичните пријави поднесени од  претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров било наведено дека петмина судии од Уставниот суд сториле кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „самовластие“ од Кривичниот законик.

- Подносителот навел дека судиите не постапиле по трите иницијативи кои тој ги доставил во Уставниот суд на Република Македонија, и тоа правата за поништување на Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите поднесена на 21.10.2015 година, втората за поништување на Одлуката за избор на претседател на Собранието на Република Македонија поднесена на 9.05.2017 и третата иницијатива за поништување на Одлуката за стапување на Република Македонија во членство на Северноатланската Алијанса – НАТО, се наведува во соопштението.

Јавниот обвинител  по преземените дејствија за проверка на наводите од поднесените кривични пријави утврдил дека во Уставниот суд веднаш по приемот на иницијативите се оформени предмети по кои во континуитет се преземани дејствија, барани се податоци потребни за одлучување по предметот и вршено е споредбено истражување на нормативните решенија и уставно судски одлуки. Проверена е и уставно-судската практика како елемент кој се зема предвид при одлучувањето на Уставниот суд.

Постапката по две иницијативи е во тек во Уставниот суд, додека за иницијативата за поништување на Одлуката за стапување на Република Македонија во членство на Северноатланската Алијанса – НАТО е одлучувано на седница на Уставниот суд, при што е донесено Решение за неповедување на постапка за оценување на уставноста и законитоста.

Јавниот обвинител утврдил дека не се точни наводите во кривичните пријави, односно дека пријавените ги преземале во континуитет сите службени дејствија  и оти нема основи на сомнение дека ја злоупотребиле службената положба.

Јавниот обвинител исто така утврдил дека во преземените службени дејствија на судиите нема материјални факти кои би укажале на самовластено постапување на осомничените, односно дека нема елементи дека извршиле кривично дело самовластие.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе