Јавниот обвинител Љупчо Коцевски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски дискутираа за проблемите со пасошите.
Министерот за внатрешни работи го извести Коцевски за проблемот со издавањето на личните документи и за напорите за негово надминување.
„Тошковски најави дека ќе направи внатрешна анализа на постапките и чекорите во рамките на МВР и ќе ја достави до Обвинителството заедно со целокупната документација поврзана со активностите што довеле до неможност за навремена замена на личните документи на граѓаните“, информираа од Обвинителството.
Коцевски, пак, нагласи дека Обвинителството ги следи состојбите, ги проверува наводите во поднесените кривични пријави и доколку бидат утврдени обележја на кривично дело, ќе постапи во согласност со своите законски надлежности.