Oбвинителството испитува неправилности во ЈСП по тврдењата дека автобусот заврши во жардиниера кај Мавровка поради неисправност

Основното јавно обвинителство оформи предмет за настанот со автобусот на ЈСП, кога возачот на 8 јули изгуби контрола, излета во лево и удри во бетонска жардиниера на булеварот „Гоце Делчев“.

Тогаш со телесни повреди се здобија возачот на автобусот и двајца патници.

Од Обвинителството велат дека ќе се испитаат и наводите што се изнесени преку јавно искажани изјави од учесници во настанот и од други лица со кои се укажува на незаконитости во работењето на ЈСП Скопје, во поглед на исправноста и одржувањето на автобусот со кој се случи незгодата.

„За таа цел е ангажирано вешто лице од областа на машинството и издадена е наредба за преземање мерки до МВР – Биро за јавна безбедност да обезбеди податоци и документација од ЈСП Скопје во однос на одржувањето, сервисирањето и исправноста на автобусот, како и организацијата на работниот процес. Согласно наредбата, во присуство на вештото лице ќе се изврши проверка на исправноста на автобусот. Дадени се насоки да се извршат и разговори со лица кои имаaт сознанија за настанот“, информираа од Обвинителството.

По настанот, возачот изјави дека им даваат да возат неисправни автобуси и затоа возилото излетало од коловозот.

Претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ), Марјан Ристески, кажа дека за инцидентот е виновно раководството на претпријатието кое не ги сервисира автобусите и со тоа ги доведува во опасност вработените, но и патниците.

„Инцидентот се случил бидејќи бил неисправен воланот, односно во тој момент се закочил и благодарение на присебноста и искуството на возачот не дојде до поголема несреќа. За овој автобус како и за други се пријавувало дека се неисправни, но не се сервисираат. Замислете, овој автобус пред неколку дена возел до Водно“, рече Ристески.

Тагови
реклама

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Read more

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Read more

Зошто никогаш не треба да ги миете мрсните тави со топла вода?

Read more

Откриени платите на Ф1 возачите за оваа сезона, разликите се огромни

Read more

Хроника

34-годишен маж силувал дете во напуштен локал во Тетово, па избегал

Read more

Уапсен велешанец со 11 килограми опиум

Read more

Се степале двајца лекари во операциона сала во штипската болница

Read more

Претепан возач на пајак-службата

Read more
 

Вести

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Читај повеќе

34-годишен маж силувал дете во напуштен локал во Тетово, па избегал

Читај повеќе

Уапсен велешанец со 11 килограми опиум

Читај повеќе

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Читај повеќе

Синедејс 2025 отвора повик за кратки филмови

Читај повеќе

Камбовски: Комисијата да одлучува внимателно во постапката за Јованов, чувствително е оти предметот е пред Апелација

Читај повеќе

Здружението на судиите: Јавната осуда на судија не смее да биде поткрепена со непотврдени шпекулации

Читај повеќе

Се степале двајца лекари во операциона сала во штипската болница

Читај повеќе

Анализа на Сојузот на стопанските комори: Супермаркетите работат со ниски профити, доставувачите го диктираат пазарот

Читај повеќе