Обвинителството ќе ја обжали одлуката за куќен притвор за Рашковски

Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција најави дека ќе ја обжали одлуката на Основниот кривичен суд Скопје за изречениот куќен притвор за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски осомничен во случајот за јавна набавка на софтерот за сообраќајни прекршоци.

 Одреден е куќен притвор. Не е уважен предлогот на Обвинителството да биде определена мерка притвор и веднаш ќе ви кажам дека ќе следи жалба на таквата одлука од причина што ценам дека Обвинителството даде навистина доволно докази да ги докаже околностите поради кои бараше да биде определена мерка притвор, а не куќен притвор дотолку повеќе што мерката на куќен притвор сметаме дека и натаму ќе постои опасност од влијание на сведоците и останатите материјални докази коишто треба допрва да бидат прибавувани и да бидат сослушани сведоците во текот на постапката. Од тие причини, секако дека ќе поднесеме жалба во текот на утрешниот ден, рече обвинителката која ја води истрагата Ивана Трајчева во изјава за новинарите по завршувањето на распитот.

Таа додад дека не може да ги коментира причините на Судот поради кои решил да биде определена мерка куќен притвор, а не мерка ефективен притвор.

-Она што можам да кажам е дека од она што досега го имаме прибавено и она што беше кажано од самиот осомничен сметам дека постојат доволно околности да се потврди имотната состојба на осомничениот. Но тоа е сепак одлука на судот и јас не би ја коментирала, а сепак имам право на жалба, рече Трајчева. 

Таа појасни дека во конкретниов случај е донесена наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица за три јавни набавки, односно за три постапки за јавни набавки од коишто само првиот е вклучен во трите постапки за јавни набавки, додека останатите три лица се вклучени само во првата постапка за јавна набавка.  

-Она што можам да ви кажам е дека Законот за јавни набавки предвидува дека вие не смеете да ги договарате условите, односно тендерската документација со учесниците во постапката, а кое нешто е направено во случајов. Не можете да контактирате со нив лично, туку си има начини на електронско комуницирање, официјално, кое нешто исто така е направено, значи повторно е постапено спротивно на Законот за јавни набавки. Исто така, вообичаено се прави анализа па се случува јавна набавка, а не обратно како што е во случајов и на крајот, но воопшто не е и најмалку битно е не може да изготвите, да барате тендерска документација за постапка која што стриктно упатува на конкретен патент и со цел да фаворизирате одредена стока или правно лице кое нешто е направено во случајов, појасни Трајчева.  

Во однос на другите две постапки за јавни набавки, наведе дека истите се прибавени за потребите на првата, и напомена дека се набавени во време кога воопшто не ни била склучена првата јавна набавка, па, нагласува, малку е нејасно за што се набавени кога главниот дел го немало.   

Кога станува збор за јавна набавка, обвинителката подвлече дека се прегледува целата постапка за јавна набавка од почетокот до крајот.  

Обвинителката Трајчева најави дека можно е да се прошири истрагата доколку најдеме докази за основано сомнение дека и тие сториле кривично дело.

Судија на претходна постапа во Основниот кривичен суд-Скопје попладнево по четиричасовниот распит му одреди мерка куќен притвор на Рашковски, осомничен во случајот за јавна набавка на софтерот за сообраќајни прекршоци. Судот исто така по распитот му определи мерка куќен притвор и на Даниел Станчевски од Друштвото за инженеринг, информатика и дигитален дизајн „Инвока груп“ од кое Генералниот секретаријат на Владата го купил софтверот за определување на брзина на возила во сообраќај.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more
 

Вести

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе