Свет

Обвинителството сака Ел Чапо да скапе во затвор - бара доживотна казна, плус 30 години

11. јули 2019 - 10:04 | МИА

Американските државни обвинители бараат доживотна затворска казна за мексиканскиот нарко бос Хоакин Гусман, познат како Ел Чапо, кој во февруари беше прогласен за виновен поради планирање убиства и криумчарење дрога.

Федералните власти во документот што вчера беше поднесен во судот, покрај доживотната затворска казна побарале за Ел Чапо и изрекување на дополнителни 30 години казна.

Се наведува дека обвинителите, исто така, од судијата побарале да пресуди враќање на имотот на жртвите во износ што ќе се утврди подоцна.

Адвокатот на Ел Чапо, Џефри Лихтмен оцени дека барањето на обвинителите е „површно“.

Изрекувањето на пресудата на нарко босот е закажано за 17 јули.

Коментирај