Обвинувањата за расизам – удар за британското кралско семејство

Изјавите на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, која прилично недвосмислено го обвини британското кралско семејство за расизам, предизвикаа шок кај британското општество. И онака, долго време се пишуваше за заплетканите врски на принцот Хари и неговата сопруга со други членови на семејството, но од, наводно, вистинската причина зошто Хари и Меган побегнале од Обединетото Кралство пред повеќе од една година, се чини, многумина се непријатно изненадени.

Така, со своја реакција се јави и Кејт Грин, министер за образование на „владата во сенка“.

– Сигурна сум дека (Бакингемската) палата ќе биде многу внимателна околу тоа што се случи и, се разбира, поданиците очекуваат што ќе се каже како одговор. Но, во никој случај не може да има изговори за расизам. Мислам дека е потребно да се открие што ќе се случува по овие изјави, вели Грин.

Не помалку сериозни обвинувања од Хари и Меган беа упатени до британските таблоиди. Тие и помладиот син на принцезата Дијана имаат стари сметки. Значи, за британските теми, целата приказна стана само позаплеткана.

Ајдара Сури, агент за недвижнини вели дека не е многу јасно што точно се случило завчера.

– Обвинувањата се силни, но не можете да пресудите без да ги слушнете двете страни!, рече таа.

Познавачите велат дека слични изјави, не само за расизам – се најлошото сценарио за кралското семејство. Но, по интервјуто, Опра Винфри истакна дека обвинувањата не се однесуваат ниту на кралицата, ниту на нејзиниот сопруг.

И Емили Неш, новинарка во списанието Hello, смета дека ова е силен удар врз институцијата што го води Британскиот Комонвелт, домаќин на шефови на држави од целиот свет, и којашто придонесува многу за бројни добротворни цели.

– Земете го, на пример, принцот од Велс (Чарлс, првиот престолонаследник) – и неговата прилично нова фондација. И тој ќе биде апсолутно уништен од ваквите обвинувања, вели таа.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека сѐ ова е грижа на самото кралско семејство. Бакингемската палата засега сѐ уште не се јавила со официјално соопштение.

реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Read more

Дали пиењето шотови маслиново масло е добро за здравјето?

Read more

Како Кина ја добива трговската војна?

Read more

Живот

Што носи ретрограден Уран до 4 февруари 2026 година?

Read more

Магична празнична атмосфера започнува во Дајмонд мол

Read more

Колку пати може повторно да се употребува маслото за пржење?

Read more

Вечерна рутина во три чекори што ја обновува кожата додека спиете

Read more
 

Магазин

Четири знаци дека на вашето тело му недостига витамин Ц

Читај повеќе

Дали пиењето шотови маслиново масло е добро за здравјето?

Читај повеќе

Дали е безбедно да се вежба за време на настинка?

Читај повеќе

Три секојдневни навики при туширање кои ја уништуваат кожата

Читај повеќе

Намирници кои природно го намалуваат воспалението во телото

Читај повеќе

Рецепт за сарма стар 70 години го подели Балканот

Читај повеќе

Што носи ретрограден Уран до 4 февруари 2026 година?

Читај повеќе

Магична празнична атмосфера започнува во Дајмонд мол

Читај повеќе

Сеир на денот: Груевски и Заев се караат преку статуси на Facebook

Читај повеќе