Пари Сен Жермен излезе со понуда до Килјан Мбапе која Daily Mail ја нарекува „очајничка“.

Не се работи само за „дебел“ договор, иако станува збор за вистинско богатство, туку францускиот шампион ѝ нуди можност на својата ѕвезда да носи и отпушта тренери и играчи.
Мбапе е пред одлука дали кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ или ќе потпише за Реал Мадрид, што е договор за кој повеќето светски медиуми долго пишуваат како за „завршена работа“. Можеби во тие моменти изгледаше така, но ПСЖ не се откажува и нуди сè што може пред Мбапе за да го убеди да остане во клубот.
Daily Mail својот текст го темели на кажаното во емисијата El Chiringuito TV, во која се вели дека ПСЖ всушност му нуди на Мбапе да стане лидер на клупски проект со овластувања многу поголеми од досегашните. Тие се придружени со богат месечен приход.
Ги добива овластувањата на спортски директор?
Мбапе треба да игра за плата од околу 5 милиони евра месечно или околу 60 милиони евра годишно. На нив треба да се додаде бонусот од 100-120 милиони евра што клубот му го нуди за продолжување на договорот, а потоа и парите што би му дошле од маркетиншки права и преку бонуси за достигнувања на теренот.
Би носел одлуки и на ниво на спортски директори. Тој би бил прашуван за иднината на актуелниот тренер Маурисио Почетино, како и за одлуката кого треба да донесе клубот доколку тој поднесе оставка. Исто така, Мбапе би одлучил со кои играчи сака да игра во тимот.