Очекуван потег: Новак не оди во Oлимпиското село, си зеде приватно сместување во Париз

Новак Ѓоковиќ избра приватност за време на Летните олимпискки игри 2024 во Париз. Нема да спие во Олимпиското село.

Тенискиот турнир на Олимписките игри ќе трае од 25 јули до 4 август, а според CLAY tenis, Новак Ѓоковиќ, кој е втор носител во Париз, нема да биде во олимпиското село за време на натпреварувањето.

„Очекуваме Новак да пристигне во следните неколку дена, иако нема да престојува со нас во селото“, изјави за CLAY организаторот на српската делегација. Српскиот тим од 112 спортисти ќе се всели на сите катови на една од зградите во цитаделата лоцирана во северното предградие Сен Дени.

Како причина, споменатиот портал наведува дека српскиот тенисер до таква одлука дошол по поранешните Игри во Токио, каде поради големиот интерес на другите спортисти го загубил фокусот, што на крајот го попречило во походот по олимпиското злато, инаку единствениот трофеј што му недостасува во богатата кариера. Токму затоа овој пат реши да го промени пристапот и да остави малку приватност за себе.

„Уживам во секоја секунда, на место со повеќе од 10 илјади спортисти, разменувајќи знаење, животни приказни и работи за спортот. Такво искуство не го добивате никаде на друго место“, изјави Новак пред три години.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Во Јапонија беше една од најпопуларните ѕвезди во селото, а спортисти од различни земји и дисциплини го бараа за да се сликаат со него или да добијат совет. На претходните Олимписки игри, во Рио де Жанеиро 2016, го направи истото што ќе го направи сега во Париз. Поради желбата да го доживее животот во олимпиското село, во Токио беше со останатите спортисти. Таму, логично, привлече големо внимание, па често беше во очите на јавноста, а овој пат, изгледа, повторно сака поголема приватност.

Патем, олимпиското село се простира на 54 хектари и се наоѓа северно од Париз, ќе биде домаќин на најмалку 14.500 олимпијци и помошен персонал. По Игрите, селото ќе се трансформира во еколошка населба од која ќе имаат корист 6.000 жители и ќе вклучува две училишта, хотел, јавен парк, пазари и уредени површини за пешаци и немоторни возила.

реклама

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Што е најевтино за возење: Електричен автомобил, бензинец или дизелаш?

Read more

Ретрограден Плутон ќе им го смени животот на четири хороскопски знаци

Read more

Која е најдобрата заштита за автомобил од град?

Read more

Тенис

Голем пад за Ноле, доаѓаат нови млади асови

Read more

Ѓоковиќ поразен на стартот од Монте Карло

Read more

Навредливи графити кон Ѓоковиќ се појавија низ Србија

Read more

Нов шок во тенисот: Тенисери и тенисерки им се заканија на грен слем турнирите

Read more
 

Спорт

Ѕвездата на Реал Мадрид го прекина молкот: Доста измислувате

Читај повеќе

Романо: Алонсо целиот свој живот се подготвуваше за овој момент

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Барса нема да слави на теренот ако утре стане шампион?

Читај повеќе

Иконската Сампдорија падна најниско во својата богата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Кливленд шокатно испадна, пирови 44 поени на Јокиќ

Читај повеќе

Интер со најголема заработка меѓу италијанските клубови во историјата на ЛШ

Читај повеќе

Мајкл Џордан ќе стане стручен коментатор на НБА натпреварите

Читај повеќе
  • play_arrow

Сити го краде најдобриот играч на Милан како замена за Де Брујне

Читај повеќе

Бразил мора да ги менува правилата за пушење поради Анчелоти

Читај повеќе