Очекуваниот животен век во ЕУ намален во 2021 година на 80,1, кај нас на 73,2 години

Во 2021 година очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ бил 80,1 година. Во 2019 година очекуваниот животен век во ЕУ достигна 81,3 години, но потоа се намали за 0,9 години на 80,4 во 2020 година и во 2021 година за дополнителни 0,3, веројатно поради неочекуваниот раст на смртноста од COVID-19, покажуваат податоците на Евростат.

Очекуваниот животен век кај нас за една година е намалена за 1,2 години од 74,4 години во 2020 на 73,2 во 2021 година. Ова е трето намалување по ред, по пикот од 76,7 години во 2018, па падот на 76,6 во 2019 и 74,4 во 2020 година.

И во 2021 година во ЕУ очекуваниот животен век за жени е 82,9 години, и останува повисок споредено со тој кај мажи - 77,2 години, исто како и кај нас - 71,1 година за мажи и 75,5 години за жени.

Од земјите во регионот најмал очекуван животен век има Бугарија - 71,4 години, по што следи Србија со 72,8 години. Поголем очекуван животен век од нас има Црна Гора - 73,8 години, Албанија - 75,5 и Хрватска со 76,7 години.

Меѓу 2002 година, првата година за која се достапни податоци за сите земји-членки на ЕУ, и 2021 година, очекуваниот животен век во ЕУ е зголемен за 2,5 години од 77,6 на 80,1 година. Растот е две години за жени и 2,9 години за мажите.

На ниво на држава, највисок очекуван животен век при раѓање имаат Шпанија - 83,3 години, Шведска - 83,1 година и Луксембург и Италија со по 82,7 години, додека најнизок Бугарија - 71,4 години, Романија - 72,8 години и Латвија - 73,1 година.

По региони во ЕУ во 2021 година највисок очекуван животен век имаат шпанските региони на Мадрид - 85,4 години и Навара - 84,8 години. Потоа следат Оландските Острови во Финска со 84,6 години. Шпанските Кастиља и Леон - 84,3, како и италијанскиот регион Тренто со 84,2 и Стокхолм со 84,1 година.

Од друга страна најмал очекуван животен век имаат три региони во Бугарија - Северозападен со 69,7 години, Северноцентрален - 70,4 години и Југоисточен регион - 71 година. Потоа следи францускиот прекуморски регион Мајот со 71,5 години, па романските региони Северисточен - 72 години и Југоисточен - 72,1 година, како и регионот на Северна Унгарија - 72,1 година.

реклама

Рани симптоми кои укажуваат на можност за мултиплекс склероза

Read more

Губење титула на бугарски начин

Read more

Рецепт на денот: Зелник од пченкарно брашно

Read more

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Свет

Со ритуал исчистен олтарот на папата, откако го осквернави гол маж

Read more

Најсмртоносна планинарска сезона на Монт Еверест: Непал ги заостри правилата

Read more

Лукашенко: Со Украина направивме само една грешка

Read more

Големи немири во Источна Германија: Се судрија левичарите и полицијата

Read more
 

Вести

РЕК издава сè повеќе дозволи за производство на „зелена“ струја

Читај повеќе

Со ритуал исчистен олтарот на папата, откако го осквернави гол маж

Читај повеќе

Најсмртоносна планинарска сезона на Монт Еверест: Непал ги заостри правилата

Читај повеќе

Единствена Македонија: За која интеграција во ЕУ, кое немање алтернатива и за кои европски вредности зборува СДСМ?

Читај повеќе

Лукашенко: Со Украина направивме само една грешка

Читај повеќе

Падна доларот по три недели раст, но падна и еврото

Читај повеќе

Духовден: Празник на Светиот дух и на основањето на Христијанската црква

Читај повеќе

Бујар Османи објави план во 9 чекори за деескалација и нормализација на состојбите во Косово

Читај повеќе

Патот од Љубаниште кон Охрид делумно прооден, сообраќајот се одвива наизменично

Читај повеќе