Snapchat од сега ќе ги продава очилата во кои има камера способна за фотографирање и снимање видеа, а една од главните дилеми е како овие очила ќе поминат на пазарот - дали ќе бидат успешни или ќе поминат како Google Glass.
Еден пар од Snapchat Spectacles ќе чини околу 120 евра и ќе може да се поврзува со паметниот телефон, односно со апликацијата на Snapchat. Сепак дури и оние што се подготвени да платат 120 евра за очилата ќе мора да почекаат, бидејќи засега тие се достапни само во неколку автомати во САД.
Покрај фотографии, очилата ќе можат да прават и видеа во траење од 10 секунди, а ќе се продаваат со футрола која ќе служи за полнење на батеријата.
Еден од проблемите за овој производ е тоа што е невозможно да се напрви селфи со нив иако тоа е најпопуларниот тип на фотографии на Snapchat.