Од 12 контролирани објекти со активна лиценца, 3 не исполнуваат минимум технички услови

Последните инспекции потврдија сериозни регулаторни прекршувања. Доказите се јасни: од вчера направената контрола на 12 објекти со активна, важечка лиценца, до овој момент е утврдено дека 3 од нив не исполнуваат услови, односно минимум технички услови, а сепак имаат активна лиценца за вршење на дејност. За останатите 9 ве информирам дека сѐ уште е во тек проверката на документацијата и во текот на денот ќе излеземе со дополнителни информации, изјави на денешната прес-конфереција, портпаролката на Владата Марија Митева.

 „Во однос на ваквата состојба, веднаш до Министерството за економија ќе биде испратено барање за одземање на лиценцата, забрана за вршење на дејност и сите казнени одредби коишто се возможни согласно закон ќе бидат преземени. На терен во секој момент овие денови се над 10 тима кои вршат контрола и во текот на денешниот и ќе продолжат и во текот на утрешниот ден. Ќе се проверат сите, до детал. Сакам да ја информирам и јавноста дека е направен и план и за проверка на оние кои немаат важечка лиценца, а работеле во минатото“, додаде Митева.

 Она што се случи во Кочани не е само изолирана трагедија, посочи Митева и истакна дека тоа е симптом на расипан систем наследен од долгогодишна корупција.

 „Ниту ќе замижуваме, ниту ќе заштитуваме. Сакам да истакнам дека ја разбираме фрустрацијата. Луѓето бараат правда и ќе ја добијат“, заврши Митева.

реклама

Побиена теоријата за потеклото на водата на Земјата

Read more
Направете домашна пица во тавче по рецепт на Џејми Оливер

По рецепт на Џејми Оливер: Домашна пица во тавче

Read more

Грците одбиваат да прифатат бегалци депортирани од Германија

Read more

Драстичен пад на продажбата на нови автомобили во Русија

Read more

Македонија

Во сабота по втор пат ќе се одржи еко-настан VIVAX чистка на Водно

Read more

Неколку скопски општини денеска без струја

Read more

Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за дожд

Read more

Кои се законските причини за барање развод во Македонија?

Read more
 

Вести

Колку е навистина зависна Америка од Кина?

Читај повеќе

Објавени мапи: Како би изгледала Украина според планот на Трамп за завршување на војната?

Читај повеќе

Во сабота по втор пат ќе се одржи еко-настан VIVAX чистка на Водно

Читај повеќе

Превртен автомобил во сообраќајка во Аеродром

Читај повеќе

Театарот Сенки и облаци гостуваше во Софија со претставата Свадби на животни и нешта

Читај повеќе

1.570 сообраќајни прекршоци минатиот викенд, 758 за брзо возење

Читај повеќе

Воен аналитичар: Путин нема причина да ја запре војната

Читај повеќе

Кремљ: Чекаме сигнал од Киев за продолжување на директните преговори

Читај повеќе

Северна Кореја официјално призна дека испратила војници во војна против Украина

Читај повеќе