Од 24 февруари по 57-ми пат „Мавровски меморијал“

„Мавровски меморијал“ е спортска манифестација која го промовира Маврово, како едно од најубавите туристички атракции во државава. Натпреварот се одржува во спомен на 38-те градители на електро системот Мавровка и 14 храбри граничари, кои го загубија животот во снежната лавина 1956 година.

Оваа година настанот ќе се одржи од 24 до 26 февруари на патеката „Мирна долина“ во Маврово, 57-ми пат по ред.

- Овој настан е во редот на настани кои се на светската мапа за нордиско трчање. И затоа и оваа година ќе се потрудиме да оставиме впечаток на добри домаќини и организатори и да го направиме овој ФИС натпревар еден од најдобро организираните меѓународни настани на Балканот, истакна на денешната прес-конференција директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

Тој додаде дека Агенцијата за млади и спорт како и секоја година претходно, така и овој пат, финансиски и логистички ќе ја поддржи организацијата на овој меѓународен, традиционален настан, кој првата реализација ја имаше далечната 1962 година.

На прес-конференцијата зборуваше претседателот на „Мавровскиот меморијал“, Кочо Кирацов, како и селекторот на македонската репрезентација во нордиско трчање Ѓоко Диневски.

Освен македонските претставници, свој настап ќе имаат натпреварувачи од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Турција, Бугарија, а за прв пат имаме натпреварувачи од Швајцарија и Русија.

Во извонредно силната конкуренција, нашата репрезентација ќе настапи со 10 натпреварувачи, во чиј состав е секако и нашиот најдобар нордиец Ставре Јада, кој ќе има прилика да го потврди евидентниот напредок утврден на последното светско јуниорско првенство. Обезбеден е пренос од двата натпреварувачки дена на ТВ 24.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Останати спортови

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Read more

Конор МекГрегор се враќа во октагонот

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе