Од 5 септември цените во Хрватска ќе бидат во куни и во евра

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска најави дека од 5 септември годинава цените во продавниците во Хрватска ќе бидат и во куни и во евра. Тој ги повика граѓаните кои дома чуваат куни да ги депонираат во банки за да може автоматски да се конвертираат во евра.

Пленковиќ, претставувајќи го Предлог-законот за воведување на еврото како официјална валута во Хрватска, истакна дека еврото ќе биде воведено на 1 јануари 2023 година, а од 5 септември годинава цените ќе бидат изразени двојно.

– Цените ќе бидат истакнати во куни и во евра уште една година, цела 2023 година. Од 1 јануари 2023 година куните ќе може да се менуваат во евра една година. Банкнотите куни ќе може да се заменуваат бесплатно во Хрватската народна банка засекогаш, истакна Пленковиќ.

На истата прес-конференција министерот за финансии Здравко Мариќ наведе дека куните во банките автоматски ќе се претвораат во евра според официјалниот курс (7,534 куни за 1 евро).

– Од 5 септември задолжително цените ќе бидат во куни и во евра, но убеден сум дека некои трговци со тоа ќе почнат порано. Четири месеци пред и 12 месеци по воведувањето на еврото, задолжително е да има двојни цени, посочи Мариќ.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе