Фудбал

Од Агуеро до Роналдо: Колку се ефикасни најдобрите напаѓачи на одредена возраст?

15. март 2019 - 15:06 | К.З.

Оваа недела имавме шанса да видиме импресивни настапи на најдобрите напаѓачи во светот, почнувајќи од хет-трикот на Роналдо против Атлетико Мадрид, па завршувајќи кај Серхио Агуеро, чиј Манчестер Сити го демолираше Шалке со 7:0.

На социјалната мрежа Twitter се појави видео со одличен графички приказ кој покажува колку постигнати погодоци имаа во одреден дел од нивната кариера напаѓачите од светска класа.

Во динамичната статистика која прикажува колку погодоци имаа на различна возраст најдобрите напаѓачи во светот се споделени податоци од Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Кун Агуеро, Луис Суарез, Вејн Руни, Роберт Левандовски, Карим Бензема и Гонзало Игуаин.

Прикажувањето на податоци започнува од периодот кога фудбалерите имаа по 20 години и 8 месеци, а на таа возраст Серхио Агуеро е далеку пред другите со 66 постигнати погодоци. Руни, кој дотогаш играше за Евертон и Манчестер Јунајтед, имаше постигнато 56 погодоци, додека Меси и Роналдо имаа 38, односно 25 гола.

Со тек на време, статистиката се менуваше, па така Лионел Меси со 22 години и 9 месеци имаше 127 погодоци, два повеќе од Агуеро. За споредба, Кристијано Роналдо на истата возраст имаше само 84 погодоци, но тоа се објаснува и со податокот дека тој играше на крилната позиција до негова 28-годишна возраст. Откако направи трансфер во Реал Мадрид, статистиката на Роналдо скокна многукратно.

Откако Роналдо замина во Реал Мадрид, тој и Лионел Меси „експлодираа“ – нивната продукција се зголеми, почнаа да стануваат машини за постигнување голови и да владеат со светскиот фудбал. Споредбата престанува во моментот кога Меси има 31 година и 8 месеци, со постигнати 650 погодоци, а во истиот момент Роналдо на 34-годишна возраст има постигнато 677 гола.

Коментирај