Нова платформа за вмрежување, менторство, едукација и развој на бизниси

Од бизнис идеја до компанија

Represent Communications ја лансираше новата платформа од која ќе произлегуваат идеите, конекциите и соработките за идни бизниси во регионот.

Мymasterlab.com е местото каде се среќаваат врвни експерти од САД во домени како Machine Learning, AI, Internet of Things, Blockchain, Applied Leadership, Storytelling, Sales Pitch Construction итн. со регионални ентузијасти спремни да ги реализираат своите бизнис идеи или да напредуваат во кариерата.

Свесни сме дека многу одлични идеи не го наоѓаат патот до успехот затоа ги најдовме луѓето кои во процес на менторирање ќе можат да ја променат перспективата на сите оние кои сакаат да направат чекор напред во професионалниот развој, да најдат инвеститори за својата бизнис идеја, да го формулираат пичот кој ќе им го продаде производот или услугата во светски рамки, – вели Наташа Божиновска Миркова, директорка на Represent Communications Македонија.

Во рамки на проектот свои работилници имаат проф. Курт Џеферсон, декан на Спалдинг Универзитетот во Кентаки, експерт за европска и балканска политика; Колин Бирч од Универзитетот во Колорадо, тренер на претприемачи кој овозможува креирање на врски со инвеститори од САД кои би биле заинтересирани за иновативни идеи; Џеј Скот Кристиансон од Универзитетот во Мисури, експерт за Machine Learning, AI, Internet of Things, Blockchain;  Мет Мури storyteller, писател и еду-претприемач; Трон Џордхајм – врвен sales coach.

Независно дали сакате да се истакнете меѓу колегите, да бидете унапредени на подобро работно место, сакате да ве забележи шефот на вашиот шеф, неопходна ви е промена на кариера или компанија, сонувате за своја компанија, имате компанија но ви треба инвестиција и лидерски вештини за да ја развиете ... нашата визија  е mymasterlab.com  да биде местото каде ќе најдете поддршка и ресурси за реализација на сите планови – истакнува Наташа Велковска, проект менаџер на mymasterlab.com.

Платформата се појавува во време на принудна забрзана дигитализација но кризата само се поклопи со моментот на појавување на mymasterlab.com и го потенцираше значењето на ваквите глобални модели на поврзување и соработка кои креираат можности за напредок и нови бизниси.

Не влеговме во ова непромислено, напротив ова е проект кој се потпира на анализа и иновативен пристап. Represent е регионален систем за интегрирани комуникации кој 18 години ја гради приказната за квалитетен партнерски однос со клиенти од рангот на The Coca-Cola Company, Nelt, Wizz Air, Philip Morris International, Microsoft, Hemofarm, Delhaize, VIP итн. Знаењето стекнато од работа на реални комуникациски проекти континуирано го споделуваме во рамки London school of PR и на Knowledge Academy и постојано сме во чекор со промените во светот. Тоа ни дава сигурност дека mymasterlab.com ќе биде препознаена како уште една одлична програма на Represent, – смета Јелена Микиќ, регионален директор за едукација и развој во Represent.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Бизнис

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more

Доларот е на највисоко ниво во последните пет месеци

Read more

Драстичен пад на цената на биткоинот

Read more

Народна банка воведе новa веб-услуга за автоматизирано преземање податоци од Курсната листа

Read more
 

Вести

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Читај повеќе

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow

Авионите не можат да полетаат, а метрото е под вода – драматични сцени од поплавениот Дубаи

Читај повеќе

Димитриевски во ДИК: Потребна е промена на Изборниот законик за сите да имаат еднакви шанси на изборите

Читај повеќе

Руската армија почна со повлекување од Нагорно-Карабах

Читај повеќе

Бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и локалитетите, 18 април

Читај повеќе

Јакимовски не го потпиша кодексот за фер и демократски избори: Големите партии веќе го прекршија Изборниот законик

Читај повеќе

Грејната сезона продолжува поради временските услови

Читај повеќе

Кривична против Курто Дудуш: За директори на градинка именувал лица кои не биле вработени во градинката

Читај повеќе