Од Бразил уверуваат: Пеп е најдобар, но не е опција за нас

Медиумите во Бразил, но и оние во Англија, со денови шират информации дека актуелниот тренер на Манчестер Сити, Жузеп Гуардиола, би можел да стане тренер на бразилската репрезентација.

По поразот од Спортинг во Лигата на шампионите, Каталонецот на шега изјави дека после тој резултатот сигурно повеќе не им е интересен на потенцијалните работодавци во Јужна Америка, а сега се огласи и претседателот на Фудбалската конфедерација на Бразил, Едналду Родригис.

Според него, Пеп е тренер кој секој би го посакал на клупата на неговиот тим или репрезентација, но тој категорично демантира дека имало какви било контакти.

„Пеп е меѓу најдобрите, ако не и најдобриот тренер во светот. Сепак, не сме имале контакт со него и не размислуваме да го ангажираме“, рече Родригис и додаде:

„Во моментов имаме селектор, а тоа е Доривал Жуниор , кој има валиден договор до 2025 година и имаме целосна доверба во него. Сега останува на него и на неговите соработници да се докажат и да останат на тие позиции во иднина“.

Селекцијата на петкратниот светски првак во моментов игра во многу променлива форма, на последните 9 натпревари забележа само 4 победи, а моментално ја зазема четвртата позиција на квалификациската табела за пласман на Мундијалот 2026.

реклама

Кинески хороскоп за мај: Детална астро анализа за сите знаци

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Учесниците на Евровизија не смеат да веат ЛГБТ знамиња

Read more

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Read more

Фудбал

Пулишиќ ќе го продолжи договорот со Милан

Read more

Мистериозна поврзаност: Кога умира папа, Лигата на шампиони ја освојува англиски тим

Read more

Ламин Јамал има само 17 години, а веќе постигна многу во кариерата

Read more

Модриќ и Ридигер се степале во соблекувалната

Read more
 

Спорт

Пулишиќ ќе го продолжи договорот со Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Жрепката се насмевна: Алкалоид прво ќе гостува, пехарот во ЕХФ купот ќе се додели во Скопје

Читај повеќе

Мистериозна поврзаност: Кога умира папа, Лигата на шампиони ја освојува англиски тим

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен УФЦ шампион го „скрши“ јутјуберот Френки Си

Читај повеќе

Ламин Јамал има само 17 години, а веќе постигна многу во кариерата

Читај повеќе

Модриќ и Ридигер се степале во соблекувалната

Читај повеќе

Арсенал вечерва е домаќин на ПСЖ во првиот чин од спектаклот во Лигата на шампионите

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами доживеа најголема плејоф брука во историјата на НБА

Читај повеќе

Интер без Павар против Барселона

Читај повеќе