УХМР најавува дека следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и под -10°C.

Утре ќе дува засилен северен ветер, долж Повардарието со брзина над 60 км/ч. Утрото ќе биде променливо облачно и студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Во Скопје утрото ќе биде претежно облачно, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер.
Од четврток утринските температури ќе се движат меѓу -3°C и -13°C, а дневните од -1°C до 9°C.