Од четврток блокади на патот Кавадарци-Дреново

Осумстотини вработени во фабриката „Еуроникел индустри“, поранешно „Фени“, од четврток повторно ќе го блокираат патот Кавадарци-Дреново оти државата не им исплаќа поврат на ДДВ, што во овој момент велат дека им е единствен начин да исплатат плати за октомври. Претседателот на синдикалната организација, Миле Ѓорѓиев, вели дека и покрај тоа што веќе се сретнеле и со владини претставници за помош за исплатата на ДДВ, а договориле и банката да им направи отстапка оти сметката е блокирана, уплата нема.

„Денес, ќе ги пријавиме блокадите во полиција и од четврток повторно излегуваме на улица. Нема друг начин да исплатиме плати, ГСОЛ се откажа од фабриката, а државата еве не ни го исплаќа ДДВ и нема објаснување зошто не ни исплаќа. За август УЈП ни должи 1,2 милион евра, пари со кои два месеца можеме да исплатиме плати и придонеси, а веќе ќе ни стигне и извештајот за исплата на повратот на ДДВ за септември, кој изнесува 1,1 милион евра. Секаде се обративме, никој не ни помага, па за да не чујат, ќе излеземе на улица“, вели претседателот на Синдикатот, Ѓорѓиев, за Макфакс.

Од протести и блокади нема да се откажат сѐ додека не им бидат исплатени платите, а од следната недела размислуваат да почнат со порадикални мерки, кои подразбираат проширување на блокадите и на други патишта.

Од Управата за јавни приходи за Макфакс изјавија дека прават контроли во „Еуроникел“, но она што ќе биде констатирано е даночна тајна.

„Кај посочениот даночен обврзник во тек е надворешна контрола по основ на даноци. Како и досега, така и во овој  случај, во согласност со член 9 од Законот за даночната постапка информацијата во однос на исходот од контролата, како и констатациите од неа, преставуваат даночна тајна“, велат од Управата.

Со надворешната контрола се врши проверка на целокупното работење на даночниот обврзник за одреден даночен период, односно се контролира правилното искажување на приходите и трошоците од работењето, и тоа кај даночните обврзници што покажале одредени отстапувања во однос на избраните критериуми, направени анализи, примени пријави и преставки, сознанија од други органи.

Додека ги чекаат парите од УЈП за да исплатат плати, од Синдикатот велат дека ќе ја поддржат секоја компнаија што ќе се понуди да ја преземе фабриката заедно со вработените и нема да дозволи да биде отворен стечај.

За поранешно „Фени“ стечајна постапка последен пат беше отворена во 2017 година за време на локалните избори кога парлалелно со судските рочишта и низа протести и блокади на вработените фабриката ја презеде швајцарскиот фонд ГСОЛ.

реклама

Нови шокантни детали од Ковачки: Безбеден град го лоцирал возилото со кое била киднапирана Вања во Маџари и кај хотелот Палас

Read more

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

10 добри навики на паровите кои остануваат заедно засекогаш

Read more

Македонија

Обдукцискиот наод за Вања сè уште не е изготвен и доставен до обвинителството

Read more

Левица: Никој не се грижи за бегалците од конфликтот во 2001 година

Read more

Нови шокантни детали од Ковачки: Безбеден град го лоцирал возилото со кое била киднапирана Вања во Маџари и кај хотелот Палас

Read more

Сончево и студено, попладне облачноста ќе се зголемува

Read more
 

Вести

Обдукцискиот наод за Вања сè уште не е изготвен и доставен до обвинителството

Читај повеќе

Путин: Западот никогаш нема да успее да ја ослаби и уништи Русија

Читај повеќе

Левица: Никој не се грижи за бегалците од конфликтот во 2001 година

Читај повеќе

Вучиќ најави изградба на гасна интерконекција кон Македонија

Читај повеќе

Нови шокантни детали од Ковачки: Безбеден град го лоцирал возилото со кое била киднапирана Вања во Маџари и кај хотелот Палас

Читај повеќе

Ужас во центарот на Белград: Судир на трамвај и такси

Читај повеќе

Јужна Америка пред ескалација: Мадуро потпишува закони за анексија на делови од Гвајана

Читај повеќе

Полицијата го најде 20-годишникот кој канеше на кафе ученичка во Карбинци, не утврдила елементи на кривично дело

Читај повеќе

Топлотен бран ја погоди Австралија: Речиси 15°C над просекот во Сиднеј

Читај повеќе