Здравје

Од чоколадо до пица: Потребата за определена храна укажува на здравствени проблеми

20. февруари 2020 - 15:40 | М.С.

Потребата за некои намирници не е врзана само за чувството за глад. Ова укажува и на проблеми во вашата исхрана и на определени здравствени проблеми.

Нутриционистката д-р Мерилин Гленвил откри што може да значи вообичаената потреба за некој вид на храна.

Чоколадо – стрес или хормонални проблеми

Научно е докажано дека некои состојки во чоколадото го креваат нашето расположение и го зголемуваат серотонинот поради кој се чувствуваме подобро.

Желбата за чоколадо може да е поради потребата за да се расположите доколку сте под стрес или доколку ви недостасува енергија. Исто така, може да укажува на ниско ниво на магнезиум во организмот.

Брза храна – лошо расположение и недостаток на енергија

Доколку сте под стрес или сте напнати, можеби имате голема желба за брза храна како што е пица, пржено пилешко, хамбургер или чипс.

Комбинацијата од масти и јаглехидрати го ослободува допаминот, невротрансмитерот кој мозокот го поврзува со награда и задоволство. Доколку ова е краткорочно ќе се чувствувате подобро, но со текот на времето ќе сакате уште повеќе вакви намирници за да го поправите расположението, па затоа подобро изберете храна богата со омега-3 масни киселини.

Сирење- недостаток на витамин Б12

Ова е храна богата со маснотии, па доколку телото сака повеќе сирење, се обидува да ви каже дека ви недостасуваат добри маснотии. Сирењето може да го замените со јаткасти плодови.

Бифтек – ви треба поголем внес на протеини

Потребата за црвено месо е знак дека не добивате доволно протеини или имате недостаток на железо.

Тестенини – уморни сте и лошо расположени

Вашето тело ги користи јаглехидратите за производство на серотонин, хормонот на среќа. Доколку ви недостасува серотонин ќе почувствувате потреба да јадете тестенини, ориз, компир или бел леб.

Кари- недостаток од цинк во организмот

Она што ве прави подложни на настинка и грип е ниското ниво на цинк кој е поврзан со губитокот на чувството за вкус, што може да ја зголеми желбата за зачинети јадења. Потребата за кари може да биде предизвикана и од фактот дека ви е премногу топло, имено, зачинетата храна поттикнува потење и ви помага да ја намалите телесната температура.

Коментирај