Од компликции на COVID-19 почина заменик-градоначалникот на Скопје Енвер Малиќи, потврдија од Град Скопје за САКАМДАКАЖАМ.МК.
„Со длабока тага ја информираме јавноста дека денеска почина Енвер Малиќи, заменик градоначалник и член на Советот на Град Скопје.
Денеска загубивме голем пријател, драг колега и човек кој својот лик и дело на повеќе нивоа нераскинливо ги врзува за Скопје. Нека му е вечна слава“, соопштија Град Скопје на Facebook.
Тој во ноември 2018 беше назначен од Владата за почесен конзул на Мексико во земјава.